Фудбалерите на Реал Мадрид во одлична атмосфера го дочекуваат реваншот против Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Шпанскиот гигант загуби 4-3 на гостувањето во Англија. Потврдата на титулата во домашното првенство е причина плус за високата самодоверба која моментално владее меѓу играчите на Карло Анчелоти.
„Моментално имаме голема самодоверба. Не одигравме најдобро на првиот меч, но сепак постигнавме три гола. На реваншот мора да бидеме подобри. Мора да покажеме квалитет и карактер. Реал Мадрид е најголемиот клуб на светот и никогаш не се откажува. Се смееме на пишувањата дека среќно сме стигнале до полуфиналето. Нашата игра на теренот покажува зошто сме меѓу најдобрите во Европа“, рече Хрватот на прес-конференцијата за медиумите.
Вториот натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра оваа среда со почеток од 21:00 часот.