Home » Модриќ останува во Реал до лето 2023

Модриќ останува во Реал до лето 2023

by Журнал.мк

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ, иако е во поодминати играчки години, ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сезона, објави угледниот италијански новинар и добар познавач на трансфер-пазарот Фабрицио Романо.

– Новиот договор ќе биде потпишан до јуни 2023 година. Никогаш немало проблеми околу тоа. Во прашање се само завршните состаноци, документацијата и деталите, напиша Романо на својот Твитер профил.

Модриќ наскоро ќе го прослави својот 36 роденден, а во Реал Мадрид дојде од Тотенхем во 2012 година.

Хрватот со „кралскиот куп‘ освои 17 трофеи, вклучувајќи и четири титули во Лигата на шампиони.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More