Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ е презадоволен со пласманот во осминафиналето на Европското првенство. Тој беше творец на победата на „коцкестите“ против Шкотска од 3-1.
„Кога играме вака опасни сме за сите. Можеме да се надеваме… Ми значи голот, но многу повеќе играта на екипата“, изјави Модриќ.
Во осминафиналето Хрватска го чека второпласираниот од групата Е каде се наоѓаат репрезентациите на Шведска, Словачка, Шпанија и Полска.