14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

„Модерниот звук на староградската песна“: Прв солистички концерт на Лаура Крлиу

Најчитани вести

На 29-ти јули, со почеток во 20:30 часот, на Факултетот за ликовни уметности „Сули Ан“ ќе се одржи првиот солистички концерт на Лаура Крлиу во соработка со аранжерот Антоние Весковски.

„Модерниот дух на староградската песна“ е проект чија цел е да се оживеат најубавите староградски албански песни со нови модерни аранжмани за бенд и гудачи. Втората цел на овој проект е соработка на музичари од повеќе етнички заедници, заедно со танчерска група, којашто ќе придонесе за поубав сценски настап.

Лаура Крлиу како долгогодишен уметник/пејач, придружена од нејзиниот осумчлен оркестар, ќе ги испее најубавите староградски песни на начин на којшто досега не се изработени. Покрај тоа, Лаура за првпат ќе изведе свои песни на концертот во истиот стил.

Оркестарот ќе го сочинуваат музичари од повеќе етнички заедници како и танчерска група, за што ќе придонесат овој концерт да биде фузија од уметности и култури на кои публиката нема да остане рамнодушна.

Долгогодишната соработка меѓу Лаура Крлиу и аранжерот и продуцент на овој концерт Антоние Весковски, вроди идеја за модерно оживување и приближување на старогратската албанска песна до публиката преку нов и иновативен пристап кон музичкото и сценско изразување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com