2 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Могерини: Преговорите со Северна Македонија и Албанија клучни и за ЕУ

Најчитани вести

На вечерата, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, се разговарало за европската перспектива на регионот и за остварениот напредок досега.

„Тие изразија поддршка за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, подвлекувајќи дека оваа одлука е клучна не само за двете засегнати земји, туку за целиот регион и за ЕУ“, стои во соопштението на кабинетот на Могерини.

Освен тоа, сите присутни се согласиле дека преговорите помеѓу Србија и Косово треба да продолжат и да се постигне договор за нормализација на односите на двете страни“.

„Сите партнери од Западниот Балкан ја потврдија нивната силна заложба за ЕУ перспективата, истакнувајќи дека реформската работа продолжува како и регионалната соработка и добрососедските односи“, велат од кабиентот на Федерика Могерини.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести