7 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Могерини: Договорот со Иран не смее да се жртвува поради САД

Најчитани вести

Иранскиот нуклеарен договор не смее да биде жртвуван како дел од кој било потег на САД за изградба на нов и поширок договор за безбедност со Техеран, порача шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои „навистина добра шанса” да дојде до средба со иранскиот претседател Хасан Рохани за да разговараат за зголемените тензии, иако Рохани сака да се укинат санкциите од САД пред разговорот.

Могерини рече дека пактот насочен кон борба против иранските нуклеарни амбиции е мултинационален договор содржан во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и дека мора да биде зачуван како таков.

Таа вели дека ЕУ ќе ја поддржи секоја друга „дополнителна работа” која го почитува нуклеарниот договор.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести