7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Мобилниот ви падна во вода? Експертите велат дека ова може да ви помогне (и не е ориз)!

Најчитани вести

Ако вашиот мобилен телефон некогаш паднал во вода или сте го накапале со малку течност, не сте сами. Според порталот Science Alert, дури 25 проценти од корисниците на паметни телефони се соочиле со овој проблем.

За среќа, тоа не значи дека сте останале без мобилен телефон. Експертите советуваат да се обидете да го зачувате во неколку чекори.

1. Исклучете го уредот веднаш.

2. Ако вашиот мобилен телефон е водоотпорен, а вие сте го потопиле или го преплавиле со течност освен вода, експертите од Apple и Samsung препорачуваат да го исплакнете во чиста вода (но не директно под чешмата затоа што може да го оштетите).

3. Добро избришете го мобилниот телефон со хартиени крпи или мека крпа.

4. Нежно протресете го за да ја исцедите водата од отворот на полначот, но внимавајте да не го тресете премногу силно, бидејќи тоа може да ја натера течност подлабоко во внатрешноста на телефонот.

5. Извадете ја СИМ-картичката.

6. Користете компресиран аеросол за да ја издувате водата. Не го сушете мобилниот телефон со фен бидејќи топлината може да ги оштети гумените делови, како и екранот.

7. Исушете го мобилниот телефон, особено отворите за приклучоци пред вентилаторот.

8. Чувајте го вашиот мобилен телефон во херметички затворен сад исполнет со пакети силика гел (ова се пакетите што доаѓаат со нови чевли или чанти) или друго средство за сушење за да се апсорбира влагата.

9. Не полнете го телефонот додека не сте сигурни дека е целосно сув, бидејќи полнењето на уред што сè уште содржи течности може да предизвика дополнителна штета. Apple советува да почекате најмалку пет часа откако телефонот ќе ви изгледа сув.

Ако овие чекори не ви помогнат и вашиот мобилен телефон не може да се вклучи, не обидувајте се сами да го отворите, туку контактирајте сервисен центар за помош.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com