7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Мобилизираните Руси се обучуваат да пукаат со „Калашников“ и фрлачи на гранати

Најчитани вести

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека државјаните на Русија кои се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација ја минуваат борбената обука во центрите за обука на Министерството за одбрана и на заднинските полигони.

Московскиот весник „Известија“ јави дека обуката се одвива во еден од центрите на Јужниот воен округ.

Мобилизираните граѓани минуваат обука за модерна борбена тактика, прва помош и употреба на комуникации на бојното поле. Посебно внимание се посветувало на воената топографија, инженерската обука, основите на радијациска, хемиска и биолошка заштита.

Војниците се обучуваат да пукаат со автомати „Калашников“, лесни митралези „Калашников“ и фрлачи на гранати РПГ-7В.

Министерството за одбрана на Русија додава дека по завршување на обуката, на сите единици со мобилизирани граѓани и доброволци ќе им се довери контролата и одбраната на „ослободените територии“, како што Москва ги нарекува териториите во Украина кои се под нејзина контрола.

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември прогласи делумна мобилизација во земјата и воените власти веднап најавија дека ќе се мобилизираат 300.000 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести