Од институцијата предупредуваат – официјална Софија не ги спречила радикалните поединци да се обидат да влезат во земјава, по што тие агресивно ги навредувале македонските гранични полицајци, по што биле и приведени и изведени пред суд.
По констатацијата за мирно одбележување на великанот Делчев, министерството за надворешни укажува дека радикални поединци и претставници на политички партии од Бугарија изразиле територијални претензии кон Македонија, нарушувајќи го достоинството на македонските граѓани и македонскиот народ.
Во одговорот на провокациите, МНР посочува дека надлежните институции постапиле во согласност со Уставот. Од институцијата предупредуваат – официјална Софија не ги спречила радикалните поединци да се обидат да влезат во земјава, по што тие агресивно ги навредувале македонските гранични полицајци, по што биле и приведени и изведени пред суд.
Министерството ќе упати и писмо до Европскиот парламент за да информира и за недоличното однесување на бугарскиот европратеник Александар Јорданов на социјалните мрежи.
МНР демантира и дека со Бугарија било договорено заедничко чествување на делото на Делчев, а за поклонението на бугарската делегација и министерот Демерџиев, вели дека било овозможено како пријателски гест.