21 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

МНР изненадено: Слоганот Macedonia the Geat, ја подрива довербата!

Најчитани вести

Македонското Министерство за надворешни работи не било информирано за грчката намера за изготвување или за промовирањето на маркетиншкиот слоган Macedonia the Great завчера во Солун и оти ја подрива меѓусебната доверба.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија цени дека ваквиот унилатерален приод кон решавање на прашања, кои, согласно Преспанскиот договор, треба да бидат регулирани заеднички од страна на деловните заедници, не е најсоодветен пристап кон почитување и имплементацијата на обврските од Договорот.

Ние цениме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на Меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци.

Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави, кои претставуваат пример за надминување на билатералните предизвици. На пристапот применет во Преспанскиот договор, од страна на меѓународната заедница, се гледа како потенцијален модел за надминување на отворени прашања меѓу други држави“, рекоа во МНР за Радио Слободна Европа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести