Home » МНР: Досега нема информации за загинати или повредени наши државјани во Грција

МНР: Досега нема информации за загинати или повредени наши државјани во Грција

by Журнал.мк

Според досегашните информации на Министерство за надворешни работи во трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција, нема повредени или загинати македонски државјани. МНР, е отворено да реагира на барање на наши државјани на кои поради какви било причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција и информира дека на располагање се три броја телефонски броеви: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732..

Од МНР додаваат дека  македонската Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде се чекаат и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.

Министерството информира дека нивните контакти се отворени 24 часа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk