Home » ММФ со предлози и мерки за надминување на економската криза

ММФ со предлози и мерки за надминување на економската криза

by Журнал.мк

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, со свои предлози и мерки кои би требало да ги преземат развиените земји со цел надминување на економската криза.

– Додека министрите на Г-20 и гувернерите на централните банки се собираат на Бали оваа недела, тие се соочуваат со глобална економска перспектива која значително се затемни. Кога Г-20 последен пат се состана во април, ММФ штотуку ја намали прогнозата за глобален раст на 3,6 проценти за оваа и следната година – и предупредивме дека ова може да се влоши со оглед на потенцијалните надолни ризици. Оттогаш, неколку од тие ризици се материјализираа – а повеќекратните кризи со кои се соочува светот се интензивираа. Човечката трагедија од војната во Украина се влоши. Таа, исто така, има свое економско влијание особено преку шоковите на цените на суровините кои го забавуваат растот и ја влошуваат кризата со трошоците за живот што погодува стотици милиони луѓе – а особено сиромашните луѓе кои не можат да си дозволат да ги прехранат своите семејства. И само се влошува – напиша Георгиева во својата анализа, објавена на блог страната на ММФ.

Таа потенцира дека инфлацијата е повисока од очекуваното и се прошири надвор од цените на храната и енергијата. Ова ги поттикна големите централни банки да објават дополнително монетарно затегнување – што е неопходно, но ќе влијае на закрепнувањето. Континуираните нарушувања поврзани со пандемијата – особено во Кина – и обновените тесни грла во глобалните синџири на снабдување ја попречија економската активност.

– Како резултат на тоа, неодамнешните показатели имплицираат слаб втор квартал – и ќе проектираме дополнително намалување на глобалниот раст и за 2022 и 2023 година во нашето ажурирање за светските економски изгледи подоцна овој месец. Размислете како натамошното нарушување во снабдувањето со природен гас во Европа може да втурне многу економии во рецесија и да предизвика глобална енергетска криза. Ова е само еден од факторите што може да ја влоши и онака тешката ситуација. Ќе биде тешка 2022 година – а можеби и уште потешка 2023 година, со зголемен ризик од рецесија – потенцира Георгиева.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More