Home » Млеко што ги смирува сувата кашлица и нервозата: Ова ни го приготвуваа нашите баби!

Млеко што ги смирува сувата кашлица и нервозата: Ова ни го приготвуваа нашите баби!

by Журнал.мк

Доколку имате проблеми со сува кашлица, како последица на настинка, коронавирус или алергиска реакција – сетете се само на рецептот за млеко со „прегорен“ шеќер што ни го приготвуваа бабите и мајките

Карамелизиран шеќер, млеко и маст – тоа е напивка од нашето детство. Тоа е стар рецепт што загрижените мајки го приготвуваа секогаш кога ќе почневме да кашламе и да ги чувствуваме првите симптоми на грип.

Постојат три начина да ја приготвите оваа напивка…

Шеќер, млеко и маст (свинска или гускина)

Во лимено лонче карамелизирајте 2 лажички шеќер, а потоа додека уште врие, додајте млеко и мешајте додека се растопи шеќерот. Кога ќе го сипувате во шолја, додајте и лажиче маст и пијте го млекото полека. Вкусот не е лош ако се додаде свинска маст.

Млеко, маст и мед

Млекото се загрева до вриење, а потоа се додава маст. Кога напивката ќе се олади, се додава лажица мед и се пие пред спиење. Ако чувствувате грозница, најдобро е убаво да се завиткате во ќебе и да заспиете веднаш по оваа напивка.

Шеќер, млеко и гранче жалфија

Шеќерот се карамелизира, а потоа се додава млеко. Додека млекото врие, во него се става гранче жалфија, па по неколку минути се трга од рингла, се процедува и се пие додека напивката е топла.

Бидејќи ова е народен лек, постојат многу варијации. Кој е вашиот рецепт?

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More