Home » МЛАДИ И ОДВАЖНИ ФИЛМСКИ АВТОРКИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ЗАГРЕБ Пет филма ќе се обидат да го зграпчат вниманието на публиката

МЛАДИ И ОДВАЖНИ ФИЛМСКИ АВТОРКИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ЗАГРЕБ Пет филма ќе се обидат да го зграпчат вниманието на публиката

by Журнал.мк

Во киносалата на Културно-информативниот центар на град Загреб, во програмата „Млади и одважни“ вечер ќе бидат прикажани пет кратки филмови од пет млади македонски филмски автори во селекција на филмската критичарка Гена Теодосиевска.

Хрватската публика ќе има можност да ги види филмовите „Северен пол“ на Марија Апчевска, „Награда“ на Лидија Мојсовска, „Ќе се вратат децата“ на Ана Јакимска, „Малина“ на Анастасија Лазарова Пилинг и „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓорѓиева.

Организатор е Културниот центар на Република Северна Македонија во Загреб.

-Во избраните, четири играни и еден документарен филм, младите авторки одважно и храбро се зафаќаат да третираат деликатни социјални и културни превирања кои мапираат промени во реакциите кај публиката. Со освежени режисерски концепти, овие филмови заслужено беа присутни на голем број меѓународни филмски фестивали, соопшти организаторот.

Веднаш по проекцијата присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања во присуство на селекторката Теодосиевска и режисерките Ана Јакимска и Сандра Ѓорѓиева.

Настанот е поддржан од Министерството за култура.​

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More