Home » Младите лекари бараат секој да биде платен за својот труд, матичните апелираат капитацискиот бод да се зголеми

Младите лекари бараат секој да биде платен за својот труд, матичните апелираат капитацискиот бод да се зголеми

by Журнал.мк

Лекарите од Клинички го кренаа гласот и ги повикаа колегите да им се приклучат во борбата за нивните права и достоинството. Младите лекари им даваат поддршка на своите колеги и очекуваат заедно да се изборат за потребните реформи во здравство. Барања имаат специјализантите и младите специјалисти. Објаснуваат, на приватните специјализанти дежурствата им се платени додека на оние кои се доедуцираат на сметка на државата дежурството не им се плаќа, иако извршуваат исти работни задачи. Тие бараат секој лекар да биде платен за својот труд. Две години бараат изедначување на специјалистичкиот и супспецијалистичкиот бод, но никој не ги слуша. Специјалистите земаат помала плата од супспецијалистите на исто работно место поради промена во програмите за специјализација. Приватните специјализанти од 2018-та година почнале да земаат месечен надомест во висина на просечна плата, која тогаш била 26.000 денари. Шест години подоцна тие се исто платени иако просечната плата е сега 32.000 денари.

Законот за здравствена заштита кој беше готов во февруари, сега го ревидира новиот министер, а ние секојдневно се соочуваме со проблеми, вели претседателот на Здружението на лекари по општа медицина, д-р Ѓорѓиевски. Лекарите остануваат без работа кога докторот кај којшто се вработени ќе се пензионира или ќе почине. Лекарите и медицинскиот персонал во руралните средини немаат пари за плати, бидејќи имаат малку пациенти.

Здружението на приватни матични лекари дава поддршка на секоја иницијатива која е за подобар статус на докторите и севкупниот медицински персонал. Претседателката Чолакова – Дервишова вели дека потребна е методологија со која секоја година ќе се зголемува кипитацискиот бод согласно инфлацијата во државата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More