9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Младиот хрватски иноватор Мате Римац е на пат да стане европски Илон Маск

Најчитани вести

Европа ја сметаат за континент кој нема амбиции, кој се бори да создаде иновативни технологии поради наводен недостиг на претприемништво, но на тоа целосно противречи младиот Хрват Мате Римац. На 33-годишниот иноватор, кој наскоро ќе стане косопственик на една од најпознатите автомобилски компании во светот, Bugatti Automobiles, не му недостигаат иновации и претприемнички дух.

Неговите таленти не остануваат незабележани никаде, па досега е добитник на многу награди и признанија. Во 2017 година Forbes го рангираше на својата листа Forbes 30 under 30, а во 2019 година на Саемот за автомобили во Женева го одушеви целиот свет и автомобилската индустрија со своето ремек-дело, најбрзиот хиперавтомобил во светот, C-Two, кој пред неколку недели почна да се продава комерцијално под своето официјално име Nevera.

Првиот глобален производител на автомобили кој го препозна потенцијалот на компанијата на Мате Римац, Rimac Automobili, беше Porsche. Porsche уште во 2018 година купи 10% од акциите на Rimac Automobili. Тој удел го зголеми на 15,5% во 2019 година, за пред неколку месеци повторно да го зголеми на 24% со последната инвестиција од 70 милиони долари во хрватската компанија.

Талентот на Римац последно го препозна Volkswagen AG и неделава официјално објавија дека му ги предаваат уздите на својот бренд кој е производител на луксузни спортски автомобили со ултра перформанси, Bugatti. Хрватскиот иноватор ќе застане на чело на новата заедничка компанија Bugatti Rimac. Нема сомнение зошто дојде до ова преземање и партнерство. Последната причина за тоа е токму најновиот автомобил на Римац, Nevera, автомобил со 1.914 коњски сили, максимална брзина од 415 км/ч и забрзување до 100 км на час за помалку од 2 секунди. Nevera се очекува да биде најбрзиот спортски автомобил во светот, титула која претходно ја носеше токму еден автомобил на Bugatti – Chiron.

Римац е на пат да докаже дека Европа има свој Илон Маск, иако не сака да го споредуваат со најпознатиот иноватор во светот во моментот. Како што вели Римац, неговата замисла и планови за во иднина се многу поинакви од тие на Маск, но едно нешто несомнено имаат заедничко – желбата на светот да му дадат нешто ново, поинакво и досеганевидено, како и храброста да ги реалзиираат сите свои идеи, колку и да изгледаат неостварливи и налудничави.

И покрај фамата која се дига околу него и славата која ја стекна за последната деценија со својата импресивна работа, Мате Римац е млад човек кој успеал да направи нешто од ништо, како и најголем дел од светските магнати. Почнал со работа во гаражата на своите родители во 2009 година реновирајќи стари автомобили BMW, за потоа со кампањи и платформи за групно финансирање да успее да собере пари за да го направи совјот прв автомобил, a сега може да си дозволи да гради кампус вреден 200 милиони евра, каде што ќе биде сместено и седиштето на компанијата, а треба да биде готов во 2023 година.

Со тек на време Rimac Technologies, гранка на компанијата, почна да се фокусира на развој, производство и снабдување со батериски системи и други компоненти за електрични автомобили за автомобилски компании како како Porsche, Hyundai и меѓу другите, токму Bugatti.

Новата зделка на Римац ќе му отвори многу нови патишта. Според договорот, Римац ќе контролира 55% од акциите во Bugatti, компанија со 112-годишна историја позната по производството на ултраскапи автомобили како Chiron и Veyron. Porsche ќе го добие остатокот од акциите во Bugatti во замена за акции во Rimac Automobili. Volkswagen го поседува Bugatti од 1998 година.

Bugatti и Rimac ќе продолжат да постојат како посебни брендови и ќе си ги задржат постојните производствени капацитети и дистрибутивни канали, но во иднина ќе работат заедно на развојот на новите возила на двата бренда со заеднички ресурси и експертиза. Ќе си ги задржат и своите постојни седишта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести