31.8 C
Skopje
Wednesday, August 17, 2022

МЛАДАТА МАЈКА НА 22 ДЕЦА ОСТАНА САМА Нејзиниот сопруг е уапсен за перење пари

Најчитани вести

Кристина Озтурк од Грузија, мајка на 22 деца, се нашла во големи невољи откако нејзиниот сопруг, турскиот бизнисмен Галип Озтурк (57) e уапсен под обвинение за фалсификување документи и перење пари.

Кристина живее во нивната голема куќа во градот Батуми, Грузија, со своите деца. Таа го родила девојчето Вика на 17-годишна возраст, а потоа, првото дете со Галип – синот Мустафа, го добиле во 2020 година. Нивното 21. дете – ќерката Џуди се родила пред само три месеци. Тие двајца станаа светски познати, откако од март 2020 до јули 2021 година, потрошиле повеќе од 168.000 евра на сурогат-мајки кои им родиле 19 бебиња. Така, таа на свои 24 години е мајка на 22 деца.

На дадилки годишно трошат повеќе од 90.000 евра, а планирале да имаат 105 деца. Но, Кристина сега вели дека не знае дали нивните планови ќе се остварат бидејќи Галип е уапсен во Грузија, а таа е осамена и не може да го поднесе тоа што го нема својот сопруг крај себе.

– Чувството на осаменост не ме напушта ниту со толку блиски луѓе во мојата близина. Навикната сум сопругот да е дома, да е секогаш тука. Последниве години работи од дома, па постојано бевме заедно. Ноќе, кога ќе ги заспиевме децата, си правевме муабет… Кога и да одев во Тбилиси или Истанбул, си зборувавме по телефон со часови – напиша таа на Инстаграм.

Кристина вели дека сега ѝ е потешко од кога било.

– Не можам да ја поднесам тишината. Не можам да го поднесам неговото отсуство… Не можам да ја слушнам неговата смеа, гласот, не ја чувствувам неговата прегратка – раскажува таа.

Инаку, Галип Озтурк, освен како осомничен фалсификатор, е познат и по тоа што избегал од Турција во 2018 година, како осуденик на доживотен затвор за убиство извршено 1996 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com