15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

МКЦ бара уметници за ликовната програма за 2021 година

Најчитани вести

Младинскиот културен центар распиша повик за учество во ликовната програма за 2021 година. а конкурсот може да се пријавуваат уметници кои сакаат да учествуваат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности.

На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции.

Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, за кои ќе одлучува комисијата и програмскиот колегиум на МКЦ. Квалитет, иновација, потреби од МКЦ и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники, велат од МКЦ.
Со цел да земат учество во повикот, заинтересираните треба уредно да ја пополнат онлајн апликацијата.

Повикот за аплицирање е отворен до 17 февруари 2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести