5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Мијалков: Чиста невистина е дека Груевски ми побарал помош да купи имот и да го скрие

Најчитани вести

Сведочењето на Мијалков како еден од обвинетите во „Плацови на Водно“, доаѓа откако на минатото рочиште искази даваа останатите обвинети во случајот. Бизнисменот Орце Камчев, кажа дека ги купил плацовите на Водно, откако експремиерот Никола Груевски им ги понудил преку неговата сестра Кристина Камчева. Камчев го спомена Мијалков дека во тој период ексшефот на УБК му се јавил и барал од него да го прими Ристо Новачевски, кој бил управител на фирмата „Сирах Инженириг“, тогаш сопственичка на атрактивните парцели
Ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, денеска во судница ги отфрли сите обвинувања од обвинителниот акт во случајот „Плацови на Водно“ и постојано потенцираше дека тој во овој судски процес не видел ниту еден материјален или вербален доказ за него.

„Јас во текот на целата оваа постапка добив едно чувство на набљудувач затоа што видовме куп материјални докази каде не се сретнав себе, а поминаа и бројни сведоци и ниту еден не ме спомна мене освен Алек Ивановски”, рече Мијалков.

Во случајот тој се товари дека со умисла, давање упатства и совети и ставање на средства на располагање помогнал во перење пари. Според обвинителството, Груевски од него Сашо Мијалков побарал да му помогнете да го купи земјиштето на Водно, како и да се покрие дека експремиерот е сопственик.

„Она што можам да го кажам е дека ова е апсолутно неточно и невистина. Ова го тврдам најодговорно, но би сакал да истакнам, тоа што јас го зборувам и ќе го кажам денеска не значи дека треба да ми поклоните верба како судија. Тоа од причина што јас можам да кажам било што како и останатите обвините дадоа своја одбрана, можеби некои од нив кажаа некоја невистина. Мора секој да се одбрани. Затоа сметам дека треба да поклоните верба не на нашите искази, туку на фактичката состојба. Од фактичката состојба, за жал на обвинителството, не произлегува дека тоа што стои во обвинението за мене е точно. Вклучително и единствениот доказ, а тоа е исказот на Александар Ивановски (Алек Теранова) кој наликуваше повеќе на одбрана. Дури и во тој исказ, тој не го потврди ова во обвинението. Никому никогаш не сум му дал какво било упатство или совет, ниту какво било средство на располагање за да се изврши какво било кривично дело, вклучително и за овој конкретен случај”, рече Мијалков.

Со слични негирања тој одговори и на прашањето дали е точно дека Груевски од него барал да му помогне да го купи имотот и да се скрие дека тој е вистински сопственик.

„Ова е неточно и е една чиста невистина. Никогаш никој од мене не побарал вакво нешто, дури ни во овој случај никој не побарал да му помогнам да стори кривично дело и да прикрие и некаков имот”, рече Мијалков.

Адвокатот го праша и дали е точно тоа што пишува во обвинението дека, иако наводно знаел дека парите со кои ќе се плати земјиштето се прибавени со кривично дело од партијата ВМРО-ДПМНЕ, дал на располагање регистрирана офшор компанија на Белизе која ќе биде употребена за отворање на домашна фирма преку која ќе се купи земјиштето.

„Можам да кажам и најодговорно да стојам позади тоа дека ниту сум знаел ниту сум можел да знам за какви било пари кои потекнуваат од кривично дело ниту за ова кривично дело кое се однесува на злоупотреба на пари од партиска каса. Ова не сум го знаел со оглед дека во времето кога бев дел од раководството на партијата не сум имал никаква допирна точка со партиската каса ниту пак слушнав од некого дека недостасуваат пари”,

рече Мијалков додавајќи дека и никој друг би знаел затоа такво нешто затоа што станува збор за голема сума на пари и ако недостасуваат некој сигурно би приметил.

Сведочењето на Мијалков како еден од обвинетите, доаѓа откако на минатото рочиште искази даваа останатите обвинети во случајот. Бизнисменот Орце Камчев, кажа дека ги купил плацовите на Водно, откако експремиерот Никола Груевски им ги понудил преку неговата сестра Кристина Камчева.

Бизнисменот го спомена Мијалков дека во тој период ексшефот на УБК му се јавил и барал од него да го прими Ристо Новачевски, кој бил управител на фирмата „Сирах Инженириг“, тогаш сопственичка на атрактивните парцели.

„Во мојата канцеларија дојде Ненад Јосифовиќ, вработен како директор на правна служба кај мене, беше вознемирен и ми вика ’ова е фирма Сирах која е регистрирана на мое име, за која не сум ти кажал и која е предадена да прават бизнис зделки‘. Ми раскажа кои луѓе се инволвирани во таа почетна приказна, кој побарал, што правел, колку пари се платени. Реков добро, пробај да се откачиш од таа фирма зашто нема ништо поврзано со тебе. Ниту влез, ниту излез на пари. Месец време потоа ми се јави Сашо Мијалков и ми вика ’да го примиш Ристе на кафе‘. Ристе Новачевски дојде кај мене, се знаеме, заедно сме учеле во средно школо. Ми кажа дека го праќа Никола Груевски да се видиме во врска со земјиште во сопственост на фирмата каде што Ристе бил директор, а сопственик на истата е Ненад Јосифоиќ“,

кажа Камчев во исказот на претходното рочиште минатата недела.
Бизнисменот тогаш тврдеше дека Груевски за возврат барал апартмани и кажа дека се чуваат три луксузни апартмани во вкупна површина од 750 квадратни метри и треба да му бидат предадени на Груевски. Истите, според исказот на Камчев, се во зградата „Панорама резиденс“, а имаат нереален сопственик исто како што било претходно со фирмата „Сирах Инженеринг“.

„Знам дека ги чува Мето Стојчевски и дека ги чува за Никола Груевски. Тоа е она што го знам“, рече Камчев.

Во врска со плацовите во случај насока беа и исказите на обвинетите Ненад Јосифовиќ, кој бил сопственик на офшор фирмата „Сирах Лимитед“, преку која потоа во земјава се отворила фирмата ќерка „Сирах Инженеринг“, на чие име биле купени парцелите. Јософивиќ тврдеше дека бизнисменот Александар Ивановски (Алек Теранова) го прашал дали има некоја странска компанија за потребите на Никола Груевски, а која би се занимавала со дејности од градежништвото.

Обвинетиот Ристо Новачевски, пак, кој бил поставен за управител на македонската фирма-ќерка, и му е на кум на Груевски од првиот брак, во својот исказ ја разоткри шемата на неговиот кумашин за купување на плацовите. Кажа дека Груевски од него побарал да биде управител на фирмата „Сирах инженеринг“, како и дека преку неа го купил плацот на Водно. Исто така, кажа дека тој го купил и државното земјиште во Крушево, исто по желба на Груевски, кој сакал да гради вила таму откако ќе му заврши премиерскиот мандат.

На Груевски како првообвинет, пак, му се суди во отсуство со оглед дека избега во Будимпешта. По ваквите сведочења мината недела ги отфрли наводите на другите обвинети. За кумот Ристо Новачевски рече дека лаже и дека е уценет, а за Камчев кажа дека се испазарил и го обвините дека преку ноќ менува изјави.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com