9 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Мијалков се предаде откако дознал дека негови блиски ќе одговараат, а сметките на семејството блокирани?

Најчитани вести

Како што дознава „Фокус“, Мијалков пред да одлучи денеска да се предаде, добил информација дека членови на неговото семејство ќе одговараат за помагање на неговото бегство.

Во центарот на вниманието на целата држава денеска е предавањето на Сашо Мијалков, кој откако беше недостапен за полицијата неколку дена, денеска одлучи да се пријави во Обвинителството и да го прими решението за домашен притвор.

Како што пренесува „Фокус“, Мијалков одлучил да се предаде затоа што добил информација дека членови на неговото семејство ќе одговараат за помагање на неговото бегство. Наводно, поранешниот прв човек на УБК дознал дека властите ќе ги замрзнат сметките на членовите на неговото семјество, компаниите ќе бидат блокирани, а ќе „настрада“ и неговиот движен и недвижен имот во земјава.

Да потсетиме, Мијалков денеска се појави во канцеларијата на обвинителката Вилма Русковска, а пред Обвинителството даде изјава во која порача дека стои на својот збор и никогаш нема да побегне од државава.

„Вчера бев навистина болен со над 40 температура, и кога утрово дознав за ова што се случува, решив да дојдам и да се јавам. Бев изолиран затоа што имав симптоми на коронавирус. Поради тоа вчерашниот ден го поминав во изолација. Сакам да се извинам на целата македонска јавност поради непријатноста што се случи во државава. Уште еднаш јавно да го повторам мојот збор што го имам дадено, дека никогаш нема да побегнам“, изјави Сашо Мијалков.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести