21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години, за „Трезор“

Најчитани вести

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на казна затвор од 8 години, како обвинет во случајот „Трезор“, кој го отвори поранешното СЈО.

Поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, доби казна од 5 години, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ е осуден на казна затвор од 5 години, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, на казна затвор од 15 години.

-Судот се увери, надвор од секакво разумно сомневање, дека обвинетите ги сторил кривичните дела кои им се ставаат на товар, истакна судијката Џанета Бегтовиќ, читајќи ја пресудата.

Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Според обвинителството, наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од буџетот на државата.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860.000 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести