17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

Мијалков барал судот да му го врати пасошот за да оди на операција

Најчитани вести

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, побарал судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство, за што во СЈО доставил и обемна медицинска документација во СЈО, потврдил неговиот адвокат Љупчо Шврговски.

Според еден од адвокатите на Мијалков, тој имал закажано операција на хранопроводот во странство, но обвинителката Фатиме Фетаи проценила дека нема доволно аргументи и СЈО испратило негативен одговор до Кривичен суд, објави „Независен весник“.

„Има закажано операција на хранопровод на 14 август. Таа операција не се прави кај нас и има известување од Клиниката дека такви операции кај нас не се прават туку во странство“, изјавил адвокатот Љупчо Шврговски.

На Мијалков му е одредена мерка за претпазливост за случајот „Титаник 2“.

Најнови вести