9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Мишел: Самитот е можност да се реафирмира европската перспектива на Западен Балкан

Најчитани вести

Самитот ЕУ-Западен Балкан почна денеска на Брдо кај Крањ во Словенија. Средбата на врвот, што ќе се одржува денеска и утре, посветена е на европската иднина на регионот.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека Самитот ќе биде можност да се „потврди европската перспектива на Западен Балкан“.

– Исто така, средбата ќе биде можност да се стави до знаење дека сме подготвени да издвоиме многу пари за инвестирање во тие земји, како и за поддршка на економските реформи и борбата против корупцијата, рече Мишел по пристигнувањето на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан.

Мишел додаде дека Самитот ќе биде можност за слободна и отворена размена на мислења „за да видиме кои ќе бидат следните чекори“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com