4.8 C
Skopje
Wednesday, December 7, 2022

Мишел: Глобалната безбедност е загрозена

Најчитани вести

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска при посетата на Хирошима изјави дека глобалната безбедност е загрозена, како што наведе, од руската инвазија на Украина и неодамнешниот севернокорејски ракетен тест.

Мишел рече дека Хирошима, град кој страдаше од атомско бомбардирање, е „остар потсетник“ дека е итно да се зајакнат меѓународните правила за нуклеарно разоружување и контролата на вооружувањето, пренесува Ројтерс.

„Додека зборуваме, глобалната безбедност е загрозена. Русија, држава со нуклеарно оружје ја напаѓа суверената нација Украина, срамно и неприфатливо споменувајќи ја употребата на нуклеарно оружје“, рече Мишел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести