14.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Мицотакис-Рос за инвестициите и трговската соработка

Најчитани вести

Инвестициските можности во Грција и тесната грчко – американска соработка во трговскиот сектор, беа темите за кои разговараа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и државниот секретар за трговија на САД, Вилбур Рос. Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис на Рос му ја претставил грчката програма за реформи, потенцирајќи ги прашањата за одново враќање на кредибилитетот на земјата во економскиот сектор и поедноставување на инвестициските процедури. Мицотакис и Рос се договориле да се сретнат повторно на 25 септември кога грчкиот премиер ќе биде во Њујорк на Генералното собрание на ОН, а државниот секретар на САД го поканил на ручек со американски бизнисмени кои се заинтересирани да инвестираат во Грција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com