21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Мицотакис повторно го покрена предлогот за сертификат за вакцинација

Најчитани вести

Предлогот за воведување европски сертификат за вакцинација одново го покренал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на состанокот преку видеоконференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел со претседателката Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со премиерите на Португалија и Италија, Антонио Коста и Марио Драги, како и германската канцеларка Ангела Меркел, во рамките на подготовките за Европскиот совет утре и задутре.

„Премиерот на неговите соговорници им го повтори предлогот за воведување европски сертификат за вакцинација кој, кога епидемиолошките податоци ќе дозволуваат олеснување на рестрикциите за движење, ќе ги олесни безбедните патувања“, соопштуваат од кабинетот на Мицотакис. Грчкиот премиер ја повторил и важноста на брзото одобрување на новите вакцини од надлежните органи „со почитување на сите безбедносни протоколи, но без бирократски пречки“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести