Не може да се борам и да барам солидарност од Европа кога не постои солидарност меѓу нас, им рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на префектите од целата земја во однос на бегалското- мигрантско прашање.
Грчкиот премиер воедно побарал од нив да покажат солидарност за островите, паралелно владата најавува изградба на затворени центри за мигрантите, но и вработување на над 1000 лица за чување на границите и прифатните центри, пренесува МИА од Атина.
Ова барање на Мицотакис, следува по негативните реакции и протести на локалното население во одредени делови на Грција за пренесувањето бегалци и мигранти од островите во останатите региони низ земјата.