-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Мицотакис не би го ризикувал угледот менувајќи го Преспанскиот договор

Најчитани вести

Изборите за новите европски парламентарци и локалните, кои се одржаа во мај годинава, го наговестија она што беше очекувано – Кирјакос Мицотакис од прв опозиционер, по вчерашните парламентарни избори стана новиот кормилар на грчката политика.

За познавачите на состојбите во Грција и односот на Атина со Скопје, ваквиот резултат воопшто не е изненадување, но дискутабилно е колку Преспанскиот договор е политичкиот данок за довчерашниот премиер, Алексис Ципрас.

Долгогодишната новинарка која ги следи соседските политики, Жана Поповска Божиновска, за 1ТВ, вели, економијата е првата причина за падот на Ципрас, а меѓу нив неостварените политики за мерките за штедење и приватизацијата на капитални објекти.

Меѓутоа главното прашање кое се поставува во Македонија е дали промената на власта во Грција може да претставува блокада на евроинтегративниот пат на нашата држава, ако се земе предвид дека Преспанскиот договор беше алатка за Мицотакис да го критикува Ципрас.

На исто мислење е и професорот и дипломат Денко Малески, кој во изјава за порталот „Фактор“ тврди дека главната рамка на договорот е толку цврста да не може да биде изместена од новите луѓе во Атина.

Токму поддршката од западните земји за Договорот, вели Малески, нема да му дозволат на Мицотакис да го загуби угледот.

Германија како една од земјите лидери во Европската унија е доказ за упорноста Договорот да успее. Ова може да се заклучи од изјавата на портпаролот на германската влада, Стефан Зајберт, кој денеска му ја честиташе победата на Мицотакис и изрази надеж за негова соработка во однос на решението на името.

Честитка за Мицотакис упати и Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, кој преку „Фејсбук“ објави дека во телефонскиот разговор, двајцата премиери изразиле надеж за продолжување на добрососедската соработка.

– Му честитав за победата на изборите и посакав просперитет и благосостојба на нашиот сосед Грција и на грчкиот народ. Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери, напиша Заев.

Кирјакос Мицотакис денеска и официјално го испрати Ципрас пред влезот од палатата „Максимос” и го врати презимето во политичката историја.

Неговиот татко, Константинос Мицотакис, беше премиер на Грција од 1990 до 1993 година.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести