25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Мицотакис на телемаратонот за Украина: Грција е на ваша страна, заедно можеме да ја запреме оваа војна

Најчитани вести

Грција е на ваша страна, заедно можеме да ја запреме оваа војна, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата порака на меѓународниот телемаратон за поддршка на Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

ТВ маратонот “Save Ukraine #StopWar” се пренесуваше во 20 земји, а во Атина, Украинците го следеа на видеобим поставен пред општинската зграда во центарот на градот.

-Ви говорам од Атина, Грција родното место на демократијата. Јас сум еден глас меѓу милионите гласови. Обединети гласови за Украина. Гласови обединети против оваа војна, рече Мицотакис на почетокот од неговата порака, додавајќи дека за Грците, „страдањето на Украинците е длабоко лично” и се осврна на Мариупол, каде што живее грчката заедница што брои 150.000 лица.

Истакна дека за Грција, поддршката e „прашање на неопходност, прашање на принцип” и затоа ќе продолжи да испраќа хуманитарна помош за Украина, да прима бегалци, а потенцираше дека веќе се пристигнати 15.000, од кои 5.000 се деца, но и повтори дека ќе помогнат во обновата на Украина, почнувајќи од породилиштето Мариупол.

-Денес, каде и да сте во светот, знајте го ова: во борбата против тиранијата, во борбата за демократија и самоопределување во Украина, вашиот глас е важен. Грција е на ваша страна. Заедно можеме да ја запреме оваа војна, порача Мицотакс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com