9.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Мицотакис: Блокадата за Северна Македонија е непотребна компликација

Најчитани вести

Грција не ја поддржува блокадата на Бугарија за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и смета дека тоа е непотребна компликација, јави дописничката на државната агенција МИА од Атина.

„Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација“, одговори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на Бугарија во блокирањето на ЕУ-перспективата на Северна Македонија, на „Атинскиот демократски форум“.

Исто така на форумот, грчкиот премиер рече дека на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Словенија треба да се прати јасна порака дека Западниот Балкан припаѓа во Европа. На оваа тема, Мицотакис вели дека ако на земјите од Западен Балкан не им се понуди јасна европска перспектива, евентуалниот вакуум што би се создал ќе го окупираат други играчи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com