1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Мицкоски: Ќе поднесеме резолуција во која ќе се дефинирани македонските црвени линии

Најчитани вести

Текстот на резолуцијата која ќе ја предложи ВМРО-ДПМНЕ за дефинирање на македонските црвени линии и заштита на македонските позиции во преговорите со Бугарија, е дефиниран од МАНУ и УКИМ, па ако СДСМ вели дека македонскиот идентитет е заштитен тогаш треба да го прифати овој текст, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес конференција.

Мицкоски потенцираше дека највисоките научни институции во Македонија го имаат дадено овој текст како своја рефлексија на спорот со Бугарија.

– Да го поддржиме овој документ заеднички во Парламентот, кој треба да биде натпартиски, треба да добие општествена поддршка и истиот овој документ е производ на МАНУ и најстариот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а е поддржан од МПЦ-ОА Јустинијана Прима – рече Мицкоски.

Тој истакна дека доколку СДСМ и Зоран Заев не ја поддржат оваа резолуција, само ќе покажат дека преговараат за идентитетот.

– Доколку власта не ја поддржи оваа резолуција или нè нападне затоа што ги оцртуваме јасно контурите позади кои треба да добиеме општествена поддршка, а тие контури не ги оцртало ВМРО-ДПМНЕ, туку највисоките научни институции во државата како МАНУ и УКИМ, тогаш Зоран Заев и СДСМ ќе потврдат дека преговараат за македонскиот идентитет – нагласи Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести