1 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Мицкоски: Убеден сум во победа на ВМРО-ДПМНЕ од 61 пратеник и 100 илјади разлика повеќе од СДСМ

Најчитани вести

Нормално е и не гледам што е чудно опозицијата која смета дека владата работи погрешно, дека има големо незадоволство од истата, да бара предвремени парламентарни избори. Заев вели дека води на анкетите. Според нашите и објективни анкети е дека разликата е најмалку 100 илјади разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа се потребни 61 глас во Собранието. Државничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ го покажавме и манифестиравме. Да ги почекаме резултатите од европскиот совет и веднаш после тоа може да договориме техничка влада и на пролет да организираме предвремени парламентарни избори. Сега на средина од октомври ќе знаеме и потоа редно е да пресечеме и да одлучиме, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека треба да се фокусира на принципот програма со програма за идно коалицирање.

Или имаме заедничка програма или ќе немаме никаков бенефит за нашите гласачи. Ако не можеме да се договориме околу програмските начела, никој нема да може да ги исполни ветувањата.

Во сите политички партии, без разлика како е нивното име, гледаме наш потенцијален коалиционен партнер.

Јас сум убеден во победа на ВМРО-ДПМНЕ од 61 пратеник, додаде тој.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести