Home » Мицкоски: Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ, се гледаме на улиците

Мицкоски: Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ, се гледаме на улиците

by Журнал.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на 32-та годишнина од формирањето на партијата рече дека овој роденден го одбележуваат во знакот на борбата за промени.

„Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чиј код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија. Таквата причинско последична состојба е папочната врвка која го прави ВМРО, сопатник низ времето со сите падови и подеми на нашата Македонија“, рече Мицкоски во видео обраќање.

Тој додава дека денес ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни патеки и заедно со народот повторно се крева.

„И кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижувања, со сиромаштија, одрекувања и порекнувања…. ВМРО-ДПМНЕ природно и разбирливо е предводник на знамето кое обединува, и тоа е обврската која јас ја прифаќам со чест и со целото мое срце. И ако праша некој зошто? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и јас нема да молчиме кога народот страда, кога чувствува несигурност, гнев и трпи понижувања. Тоа се работите кои без малку ги чувствува секој еден човек без разлика на верата и нацијата. Нема да молчиме бидејќи сега треба да бидеме гласни.

И ние таа битка ќе ја водиме. И за таа цел вратите на народот се широко отворени. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, но и главната сила која во периодот што следи ќе ги предводи промените“, рече Мицкоски.

Тој, како што рече, испраќа порака на обединување против лошата власт и владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе.

„Се гледаме на улиците, со срце и сила за Македонија. Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!!!“, порача Мицкоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More