14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Мицкоски со критики до власта: Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран новозаболени

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно ја искритикува власта во врска со набавката на вакцини против ковид-19.

– Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално потврдија. Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини. Вие сте срам за Македонија. Неспособни и крајно корумпирани. Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран на новозаболени. И пак не ви е гајле, бизнисот со корупција мора да тера, а народот секако ќе пати. Ви се гледа крајот, нема да ве оставиме на мира, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1806517252857059

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com