-4 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Мицкоски се сретна со Лајчак – нуди помош за реформските процеси

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, оствари работен појадок со министерот за надворешни и европски работи на Словачка и актуелен претседавач со ОБСЕ, Мирослав Лајчак. На средбата се разговараше за интеграциските процеси на земјава, внатрешната политичка состојба и приоритетите на државата.

Мицкоски истакна дека недобивањето датум за преговори е неуспех на Владата да направи клучни реформи, подобрувања на состојбите и да го унапреди стандардот на граѓаните. Тој посочи дека сепак граѓаните не треба да бидат казнети поради неспособната Влада на Заев и дека земјава треба да добие датум за преговори до крајот на годината за да се воспостави уште еден контролен механизам врз криминализираната власт и да се даде надеж наспроти евроскептицизмот што се подгрева од одредени структури на власта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира ставот на партијата да помогне во реформските процеси што треба да ги реализира Владата потребни за добивање датум за преговори.
Воедно, Мицкоски се осврна и на другите аспекти од општеството посочувајќи дека Владата не покажува интерес за сузбивање на растечката корупција и остварува катастрофално лоши економски резултати, што го прават животот на граѓаните уште потежок, соопшти партијата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести