14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Мицкоски се сретна со Вучиќ: „Мини Шенген“ не е алтернатива на ЕУ, туку премостување на бариерите

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Белград, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и пратеникот и лидер на ДПСМ, Иван Стоилковиќ, се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ.

На средбата се разговарало за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка.

„Мицкоски посочи дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани. Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите. Тој посочи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси. Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија. Вучиќ даде поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата ‘Мини Шенген‘ која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите“, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com