1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Мицкоски се сретна со американската амбасадорка, ѝ пренесе дека е загрижен од корупцијата во власта

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, денес со секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, соопшти партијата, според која на средбата се разговарало за актуелните случувања и предизвици важни за државата.

„Како акутен проблем од страна на Мицкоски беше посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја посочил и „злоупотребата на европското знаменце како што е законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана каде се штити директно бизнис интереси на врвот на власта“.

Тој за спорот со источниот сосед ја истакнал потребата за прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата. Мицкоски ја истакнал и потребата за реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и рушење на стандардот.

„Соговорниците ја потврдија заложбата за развивање на соработката и посветеноста кон реализација на стратешките интереси“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести