Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за тиранската СириТВ изјави дека тој предложил премиер Албанец, но како што нагласи неговиот предлог бил одбиен. Според него, ДУИ и Али Ахмети сакат да го имат ексклузивитетот кај Албанците.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
– Јас сум предложил еден Албанец да биде премиер. На прес конференција сум понудил г.Африм Гаши да биде премиер. Во тоа време Социјалдемократите и ДУИ одлучија да го одбијат мојот предлог. Главното прашање не е дали ќе го прифатиме ние или не, но зошто социјалдемократите го отфрлија мојот предлог? Можеби зошто Африм Гаши не е дел од ДУИ и дека според Али Ахмети и другите експоненти, ДУИ го има правото да ги приватизира интересите на Албанците во земјата. Би било добро овие прашања да ги поставите поинаку. Зошто ДУИ и Социјалдемократите не го прифатија мојот предлог Африм Гаши да станеше премиер?, нагласи Мицкоски.