Нивното дело има бескрајна идеја, создава работи надвор од имагинацијата на времето и просторот во кој живееме. Творечкото дело на Светите браќа Кирил и Методиј е Милениумски завет кој сè уште трае и го победува времето – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во чест на одбележувањето на денот на сесловенските просветители. Сепак, според Мицкоски, тоа дело не му служи ексклузивно на само еден народ-туку на светот. Ние сме нивна колевка, земја и народ од која потекнува тоа семе и се согласуваме да ги слави целиот свет на кој му подарија слово, букви, писменост и просветление – истакна Мицкоски
„Дозволете да бидам подеднакво гласен и да не се согласам со ирационалноста на политиката на источниот сосед кој негира секаква наша поврзаност со овие свети браќа и нашето човечко и цивилизациско право да се потпираме на нивното дело и да полагаме право на нивното наследство. И во тие нивни негаторски политики не само што нема никаква историска поткрепа, туку се повеќе станува очигледно дека нема темел на кој се потпира оваа Македонија и народ кој не сакаат силно да го затресат. И тука она што признавам дека не ме остава рамнодушен е тоа што нашите првенци од власта остануваа молчаливи во однос на многу отровни стрели и пропагандни пораки на источниот сосед“, изјави Мицкоски.
Лошата вест е што врхушката на општеството е драматично поделена за сите прашања за кои мора да постои единство. Мицкоски повика на единство на народот и национално обединување.
Не постои понуда за брод на кој мораме да се качиме за ЕУ, во делови или целосно. Постои работа, труд, реформи и принципи кои мораме да ги направиме за да влеземе во ЕУ, необезличени и со достоинство – истакна Мицкоски и додаде, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, со европска перспектива кои сами мораме да ја оствариме.