3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Мицкоски повика на здружување на сите опозициски сили и нуди поддршка во вториот круг

Најчитани вести

Изборите покажаа силно антивладино расположение, затоа повикувам на здружена опозиција, секоја разлика меѓу опозициските партии е мала во однос на целта – рушење на влдата. На целата опозиција, и лева и десна, и на опозиција од центарот, вклучително и на Левица, им подавам рака, на чекор сме од целта Владата да падне. По изборите ќе создаваме ново парламентарно мнозинство – можат кон нас да мигрираат и партии кои се дел од сегашното владејачко мнозинство“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес – конференција пред седиштето на партијата.

Бандитизмот носи несреча
Подавам рака на здружена опозцуја, Македонуја мора да оибедува, ба чекор смедо целта

Мицкоски рече дека победата во првиот круг е јасна. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има над 55 илјади гласови повеќе од коалицијата на СДСМ, има над 70 советници повеќе, веќе има 22 градоначалника, се наѕира формирање на мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје и победа во вториот круг на Данела Арсовска, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека нема дилеми оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, како и кандидатите за градоначалник на Гром во Карпош и на Демократската партија на Турците во Центар Жупа. За други кандидати од други партии кои не се дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ или на коалицијата Алијанса/Алтернатива, рече, ќе се носи одлука деновиве.

„Фокусирани сме на вториот изборен круг, но потоа неизбежно ќе се наметне активноста на формирање ново парламентарно мнозинств“, рече Мицкоски и нагласи дека граѓаните треба да бидат будни зашто тој очекува во наредниот период бруталност од полицијата, уцени, закани со цел да се промени јасната, како што рече, антивладина волја на граѓаните.

„Затоа ги повикувам граѓаните на 31 октомври масовно да излезат на избори. Победата ја имаме во првиот круг. Но сликата треба да ја заокружиме целосно. Само со голема излезност може да се победи оваа Влада, со нејзините уцени и притисоци и полнење на кутиите. Така може да се победи полицијата на Спасовски, обвинителството на Рускоска и сите нивни бандити. Така може да ги спроведеме нашите проекти за добро на народот, наместо нивниот прогрес на корупцијата и криминалот, на личниот имот за сметка на сиромаштијата на народот и на прогресот во здравството и ковид-жртвите“, рече Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com