-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Мицкоски повика масовно да се излезе и да се попише

Најчитани вести

Одговорни за законито и точно спроведување на пописот се Владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа година, додава, било практично во тоа време пописот да се одложи и да се реализира сега, во септември.

„Зошто? Затоа што ние сега реализирајќи го пописот можеме веднаш за време на локалните избори да го исконтролираме, бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како што треба“, истакна Мицкоски во интервјуто за ТВ 24.

Тој упати порака до македонските граѓани масовно да се попишат и да не го бојкотираат овој процес, односно како што рече „граѓаните да не веруваат во оние анационални структури кои што се обидуваат повторно да направат раздор меѓу македонското ткиво, а со тоа да му ја продолжат политичката кариера на Заев и СДСМ“.

„Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови како што тоа го правеа за време на претседателските избори кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ“, порача Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com