2 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Мицкоски: Платите на наставниците и професорите согласно законот мора да бидат 36.700 денари

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со рецензија за општеството кое во изминативе три години е исполнето со примитивизам, декаденција и големи лаги, рече на прес-конференција претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, а главна тема во неговото денешно обрќање беше образованието.

„Најголемата политичка лага во делот за образованието која што беше презентирана пред граѓаните во 2016. е дека ќе вовеле задолжително едногодишно предучилишно образование. Нема до овој момент никакви промени во системот на предучилишното образование. Понатаму, се обврзале дека ќе ги мотивираат најдобрите училишта. И тоа ќе ги мотивираат вработените во делот на месечните примања од една година, во 12 месеци, односно вработените ќе добивале 20% поголема плата кај најдобрите 5 основни училишта на ниво на цела држава. И 10% средни училишта на ниво на цела држава. Ова не само што не е реализирано, туку вакви средства не се предвидени ниту во буџетот во следната 2020 година“, нагласи Мицкоски.

Понатаму тој зборуваше за ветувањето на СДСМ дека ќе издаваат поквалитетни учебници бидејќи, според нив, учебниците што ги затекнале не биле квалитетни.

„Каква е реалноста денеска? Нема никаква повратна информација од државните комисии кои ги евоулирале учебниците кои што ги затекнале во основното образование. Да бидам попрецизен нема нови учебници. Но и тие кои што постојат доцнат со печатење и воопшто ги нема. Што значи дека и ова е уште една од сетот лаги“, порача лидерот на ВМРО-ДПМЕ.

Задржувајќи се на платите во образованието, тој нагласи дека најниската плата во моментот за наставниците е 21.660 денари, а во средно образование 22.500 денари, а просечната плата е на ниво од 25.270 денари.

„За жал од ветената просечна плата од 500 евра нема ни трага ни глас“, додаде Мицкоски.

Според него, лажењето ќе продолжи и во периодот кој што следува, се до организирањето на предвремените парламентарни избори.

„Во моментот просечната плата исплатена заклучно со октомври месец 2019 година во средното образование е отприлика 23.680 денари, со предвидено 10% зголемување од 1 Јануари 2020 година оваа плата ќе биде 26.000 денари. Но кога не би имале работа со лажливци тогаш можеби и би верувале дека навистина станува збор за зголемување на платата на наставниците и професорите. Имено, пред мене е колективниот договор кој што го имаат потпишано Синдикатот, Министерството за образование и наука во 2010 година. Во овој колективен договор јасно во членот 34 и членот 35 се дефинира што значи најниска плата во образованието и како се пресметуваат нето платите на вработените во образованието вклучително и образовниот кадар, но и техничкиот персонал кој што е дел од образовниот процес“, кажа Мицкоски.

Тој посочи дека со зголемувањето на минималната плата која што е во процедура во Парламентот, на ниво од 14.500 денари, тогаш платата согласно Законот за минимална плата и согласно Колективниот договор на професорите во основното и средното образование треба да биде 36.700 денари односно 10.700 денари повеќе од тоа што во овој момент е предвидено со зголемувањето од 10%.

„Оваа влада во заминување ќе замине како најнеспособна влада, доаѓа влада реформска, доаѓа обнова за Македонија која што ќе го почитува Законот за минимална плата и ќе го почитува Колективниот Договор“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на крајот од своето излагање.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести