2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Мицкоски: Отворени се сите опции за предвремени избори

Најчитани вести

Сите опции во врска со предвремените парламентарни избори се отворени истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21. Според него, можно е предвремените избори да се одржат заедно со локалните или пак, идната година напролет.

– Сите опции се отворени, можеме да имаме заедно со локалните и предвремени парламентарни избори, може да чекаме резултати од локалните, па да видиме, па после да имаме напролет предвремени парламентарни избори. Така што сите опции се отворени – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во текот на гостувањето на ТВ21.

Тој истакна и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го признае само резидентното население во Македонија при пописот, според приниципите на Евростат.

– Затоа што се попишува, според Евростат, резидентното население. Тоа значи дека населението кое што во моментот се наоѓа во Македонија или 12 месеци наназад живеалиштето им било тука, во Македонија и не го одјавило своето живеалиште. 12 месеци и еден ден тоа значи дека не влегуваат во населението кое што е резидентно, односно населението кое што е тука и треба да се попишува – посочува Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com