9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Мицкоски од Гостивар: Заеднички патриотизам е кога заеднички ќе ги победиме криминалот и корупцијата и ќе донесеме инвестиции и отвориме работни места за сите

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Гостивар истакна дека заврши времето на криминалот и корупцијата кои се симбол на оваа власт и доаѓа времето на нов заеднички патриотизам кој создава нова иднина, инвестиции и работни места за сите граѓани. – Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите.

Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, а ние да донесеме развој кој ќе донесе нови работни места, добро платени места, децата дома да си ги задржиме и да не ги полниме фабриките во западна Европа, Америка, Канада и Австралија, изјави Мицкоски. Тој потенцираше дека време е да започнеме да градиме еден нов заеднички патриотизам на 21 век модерен обединувачки, со кој ќе ја победиме заедничката мака, и ќе создадеме заедничка иднина.

– Да покажеме дека на политичарите гласовите не им се загарантирани, туку истите треба макотрпно да работат деноноќно. Тука ќе ја упатам мојата порака до идните градоначалник и советници, дека заврши времето на салонски политичари, скапи службени возила, доаѓа време на народот. Времето е сега на современи народни модерни политичари, чесни кои наместо во кабинетите ќе бидат заедно со народот на улиците, на нивите заедно со земјоделците, во фабриките со работниците и стопанствениците и ќе помагаат на својот народ. Тука нема етничка припадност и вера, тука сме сите исти и обединети, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сето тоа кое го говори за патриотизмот, за победите, за иднината, визијата е содржано во програмите на кандидатите за градоначалници и советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија.

– Таму ќе најдете 14 835 проекти од различни сфери и области, за различни реални потреби на граѓаните, 2000 улици низ цела држава, 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела, изјави Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com