24 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Мицкоски: Нема да одам на лидерска средба на која предвремени избори не се тема

Најчитани вести

Не ја гледам потребата да присуствувам на лидерска средба на која ќе се разговара за сè, освен за датум за предвремени парламентарни избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Додаде дека работните групи од власта и опозицијата работат на нов закон за обвинителство и минатата недела разговарале за пописот, како и за измени на Изборниот законик.

„Театар за дефокусирање од вистинките теми не ни е потребен“, изјави Мицкоски за повикот на премиерот Зоран Заев за лидерска средба в петок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести