Home » Мицкоски на средба со полскиот aмбасадор Тицињски

Мицкоски на средба со полскиот aмбасадор Тицињски

by Журнал.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска заедно со секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски оствари средба со Војциех Тицињски, Амбасадор на Полска во Македонија.

На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба, и евроинтегративниот процес на земјата.

Во однос на политичките случувања, претседателот Мицкоски го информираше амбасадорот Тицињски за големиот број на скандали и афери поврзани со владини функционери, нагласувајќи дека земјата тоне во криминал и корупција, додека граѓаните живеат се посиромашно.

– Се случува ДУИЗАЦИЈА, корупцијата цвета како никогаш до сега, а Ковачевски е директно одговорен за сите скандали, и токму затоа државата е оценета негативно по сите параметри, а тоа го потврдуваат и сите меѓународни истражувања. Решението од ваквата ситуација е одржување на предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промена и нова иднина и надеж за сите граѓани, истакна на средбата Мицкоски.

Воедно, уште еднаш беше потврден ставот на партијата, а тоа е дека Македонија мора да биде дел од големото европското семејство, но без дополнителни уцени и барања од бугарска страна.
Соговорниците се согласија да ја продолжат работата и меѓусебната соработка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk