1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Мицкоски на средба со Кампоменоси – Дојдовме во Брисел да побараме одблокирање на Македонија

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска во тек работната посета на Брисел, остварија средба со Марко Кампоменоси, пратеник во Европскиот парламент и шеф на делегацијата на партијата Лега на Матео Салвини во Европскиот парламент.

На средбата Мицкоски и Кампоменоси разговараа за продлабочување на односите помеѓу двете партии и држави, по што беше истакнато дека Македонија сакајќи напредок мора да остане на евроинтеграцискиот пат.

На средбата Мицкоски истакна дека критериумите за отпочнување на преговорите со ЕУ се исполнети уште во 2009 година, а она што е ново за жал е спорот со Бугарија, кој се појави во време кога Зоран Заев е премиер, кој пак тврдеше дека ги затворил сите отворени прашања, а еве гледаме денес за жал токму тој спор претставува непреминлива пречка, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И покрај тоа што Македонија има сериозни проблеми со растечкото ниво на корупција, сиромаштијата, и недостатокот на реформи во образованието и здравството, кои што беа главни ветувања на Заев и не ги оствари, сепак сме во Брисел за да побараме одблокирање на Македонија“, истакнал Мицкоски на средбата.

Тој кажа и дека владата наместо да троши време на самосожалување и политика на неоправдано умилкување кон источниот сосед потребно е да ги искористи сите конекции и сериозни познанства со Брисел за одлобкирање на европскиот пат на Македонија.

На планот на продлабочување на односите помеѓу двете партии, Мицкоски го покани претседателот на Лега, Матео Салвини, да ја посети Македонија.

Престојот продолжува со присуство на парламентарното собрание на Европската народна партија, од кое дел се сите центар десни партии во Европа, како ЦДУ на Ангела Меркел, ХДЗ од Хрватска, Народната партија од Шпанија, Модерати од Шведска и многу други партии, информираат од партиското седиште.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести