-4 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Мицкоски на состанок со БЕСА: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето БЕСА Биљал Касами и генералниот секретар Арјанит Хоџа.

Од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека лидерите се договориле во иднина да продолжат со ваквите средби во насока во која ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт.

На средбата станало збор и за актуелната политичка состојба, за стратешките интеграции на Република Македонија, како и искористувањето на потенцијалите за соработка.

„Беше констатирано дека актуелната власт ги има закочено интеграциските процеси кои треба да се динамизираат со крупни реформи кои досега не се реализирани“, велат од опозицијата, изнесувајќи ги заклучоците од средбата.

Во рамки на состанокот било посочено дека останува акутен проблем постоењето на корупција на високо ниво, отворени сомнежи за криминал на раководни структури на власта како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести