8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Мицкоски: Левица одби заедно да го срушиме Заев, мислам дека тоа се должи на политичко неискуство

Најчитани вести

Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ја одби понудата од Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека жали за ваквата одлука на Левица.

„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ.

Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостиг на политичко искуството на раководството на Левица“, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Според него, факт е дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт.

„Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо нè чини. Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ, Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство.

Сосема на крај, никој нека не се сомнева во посветеноста и силата на ВМРО, таа извира од македонскиот народ, нашата традиција и идентитет.

Ние одиме по патот на рушење на овој корумпиран хибриден режим, дали Левица ќе биде дел од тој поход зависи од нив…“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, August 19, 2021

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com