-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Мицкоски и Заев си подадоа рака , лидерите очекуваат победа на локалните избори

Најчитани вести

Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, и во вкупен број на советничките места во државата, и во вкупен број на гласови, а ќе победиме и во градот Скопје. Затоа што сме Влада која помогнала на општините и искрено верува во општините, рече премиерот Зоран Заев на ТВ дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нивниот став, како што рече премиерот, е да го понудат најдоброто за секоја општина и во делот на кандидатите за градоначалници и во делот за советници, како и најдобрите програми.

– Анкетите што го покажуваат трендот како се случува, така ќе се случи и на овие избори, јас немам дилема. Затоа што треба да спроведеме успешна кампања, да ги доближиме сите проекти, идеи, визии, а секако и личноста на кандидатите пред граѓаните за да може да ги мотивираме да излезат на гласање и да изберат што е најдоброто за нивната општина. Во еден таков аспект настапуваме и со најбројната коалиција, ние сме со 22 политички партии, дополнително, ДУИ, БЕСА и ДПА и тоа е Коалиција на иднината, нагласи Заев.

Од друга страна, како што рече, е „коалиција која ја нарековме политички брак која ќе доживее развод“.

– Мислам на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сите знаат дека е неприродна и направена за политички цели да се направат максимални обиди колку што може поизвесно да се направи исполнување на желбата да се биде на власт, рече Заев.

Мицкоски, пак, истакна дека победата на опозицијата на овие локални избори не е доведена под знак прашање.

– Тоа е крајот на оваа Влада предовдена од СДСМ и ДУИ и јас сум убеден, не само за тоа што граѓаните навистина тоа ќе го кажат туку затоа што едноставно не сме сите исти. Дека сме различни и дека тоа што ние го нудиме е еден нов квалитет, луѓе кои за првпат ќе ја бараат довербата на граѓаните, најгоемиот дел од кандидатите за градоначалници кои ги предложи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за првпат настапуваат 95 посто, 96 посто се млади луѓе, луѓе во средни години, луѓе кои се мотивирани и храбри и коишто имаат визија, план, проект за општината која планираат во иднина како градоначалници да ја застапуваат пред граѓаните и јас сум убеден дека граѓаните тоа ќе го препознаат бидејќи сосема спротивно на тоа е она што го нуди СДСМ. Ние како опозиција комплетно ќе ја делегитимираме оваа неспособна Влада, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, според него, ќе освои поголоем број градоначалници од СДСМ и повеќе гласови и на советнички листи.

Заев и Мицкоски си подадоа рака за фер и демократски локални избори, на крајот од нивниот телевизиски дуел во емисијата „Само вистина“.

-Ако навистина веруваме во иднината, проектите и визијата, сами знаеме дека за нашите граѓаните, 90% важна е иднината. Ќе бидеме насочени кон позитивна кампања. Секогаш сум спремен да подадам рака за таква обврска, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема никаков проблем да подаде рака и јавно го кажува тоа.

-Немам проблем да ветам фер и демократска кампања, но тоа не е дел од одговорноста на опозцијата зашто власта е организатор на изборите.Да не се случи тоа од 2020 година, ниту од „Бетовенова“, туку да има слободно, фер и демократско изразување, посочува Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com